ИСПЛАТА НА ВТОРАТА РАТА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИ
Дата
July 08, 2014
Категорија
Известување, Тековни ПроектиНајсигурен начин за успехот и перспективата на младите е инвестицијата во образованието, која има повеќекратен повратен ефект.
За таа цел, општина Радовиш инвестира во образованието со доделување на стипендии кои не се само парична, туку и симболична поддршка за секој одличен ученик да продолжи со успесите кои ги остварил досега.
Со уплатата на втората рата на општинските стипендии, беше реализиран уште еден од ветените проекти.
……………………………………………………………………………………..
Општината Радовиш ги известува сите корисници на општинските стипендии од општинските основни училишта, како и од средното општинско училиште СОУ „Коста Сусинов„ од Радовиш дека денес ќе им биде исплатена на нивните трансакциони сметки втората рата од стипендиите за ученици и дека во текот на утрешниот ден ќе можат да си ги подигнат од банките.