ПРИСТАП НА МИКРОПРЕТПРИЈАТИЈАТА ДО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Дата
July 16, 2014
Категорија
ВестиВо салата на Советот на општина Радовиш вчера се одржа предвање на тема Пристап на микропрепријатијата до јавните набавки.
Целта на овој проект е да го олесни пристапот на малите и на микропрепријатијата до пазарот на јавни набавки, придонесувајки за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации.
Од друга страна на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет во јавните набавки.
Овој проект е на УСАИД а е дел од серијата на работните состаноци кој моментално се одржуваат во југоисточниот регион на Македонија.
Работилницата ја одржаа Герман Филков – Раководител на проектот и Бети Пејева од ЕХО – Едукативно хуманитарна огранизација од Штип.