ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД ВОИСЛАВЦИ
Дата
November 19, 2014
Категорија
ВестиВо рамките на агендата за посета по населените места низ општината, вечерва Градоначалникот Сашко Николов заедно со своите соработници остварија средба со жителите на Воиславци.
На оваа средба од страна на Градоначалникот Николов жителите на Воиславци беа запознаени со динамиката на тековните Проекти кои се реализираат во оваа населено место, а исто така им беше презентирано и какви други инфраструктурни зафати и проекти се предвидени за реализација во наредната година.
Градоначалникот Сашко Николов им потврди дека во најскоро време ќе започне да се реализира клучниот инфраструктурен проект за оваа населено место – изградбата на канализационата мрежа.
Од страна на жителите на Воиславци исто така беа поставени и голем број на прашања, на кои добија одговори од страна на Градоначалникот Николов и неговите соработници.