ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ТППЕ РАДОВИШ
Дата
January 15, 2015
Категорија
ИзвестувањеКако последица од ниските температури на подрачјето на општина Радовиш, зголемена е потребата од греење на објектите (станбени и деловни), но и опасноста од појава на пожари.
Од почетокот на оваа година, само за две недели регистрирани се 13 пожари на станбени објекти пропратени со големи материјални штети.
За намалување на ризикот од пожар ги известуваме граѓаните од општина Радовиш, да ги преземат следните превентивни мерки:
-да извршат детален преглед на димоводите (оџаците) и да ги исчистат,
-доколку оџакот е оштетен (напукнат, делумно срушен), веднаш да го санираат оштетувањето,
-да направат проверка на кровната конструкција околу оџакот,
-да ја проверат електричната инсталација.
ТППЕ-Радовиш