ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА
Дата
December 10, 2014
Категорија
ВестиДенес беше одржана четвртата форумска сесија од Форуми на заедниците-буџетски форум, која ја спроведува Општина Радовиш со подршка на Швајцарската агенција за подршка и развој.
На оваа форумска сесија се разгледаа повеќе теми од буџетот на Општина Радовиш: Комунални дејности, Урбанистичко планирање, животна средина и образование.
Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов ги презентираше поголемиот дел од буџетските програми со посебен осврт на програмата за комунални дејности, која предизвика голем интерес кај присутните граѓани.
На четвртата форумска сесија зедоа учество 105 граѓани од општината кои активно со свои предлози придонесоа кон идното креирање на издржан и реален буџет на транспарентен начин.