If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2019 ГОД.
15464
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15464,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2019 ГОД.

Дата

January 16, 2019

Категорија

Вести, Известување, Култура, Соопштенија

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно усвоената годишна Програма за активности од областа на културата во општина Радовиш бр.08-1976/2 од 26.12.2018 год. и усвоениот проект „1000 години Радовиш“ од страна на Советот на општина Радовиш бр. 08-1978/1 од 26.12.2018 год., Комисијата за култура, образование и спорт на ден 15.01.2019 год. објавува:

 

JАВЕН КОНКУРС 

за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата за 2019 год.

 

  1. Се распишува јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од општина Радовиш за 2019 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа со финансиски план за 2019 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2018 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Листа на проекти и активности реализирани во текот на 2018 год.;

– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.М. (не постара од 6 месеци) ;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

Забелешка: Комисијата дополнително ќе побара од здруженијата, достава на копија од завршна сметка (доколку год.приход е поголем од 2,500 евра);

 

  • Период за доставување на документите е 7(седум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со 23.01.2019 год.

 

Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен конкурс бр.

 

 

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Комисијата за култура, образование и спорт

Претседател : Ристо Спасов

 

pdf-icon   ЈАВЕН КОНКУРС