JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2020 ГОД.
Дата
January 08, 2020
Категорија
Вести, Известување, Култура, СоопштенијаВрз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за активности од областа на културата во општина Радовиш бр.08-1916/2 од 30.12.2019 год. и донесениот Буџет за 2020 година, од страна на Советот на општина Радовиш, општина Радовиш на ден 08.01.2020 год. објавува :
JАВЕН КОНКУРС
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
на здруженија на граѓани од областа на културата за 2020 год.
- Се распишува јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата од општина Радовиш за 2020 година ;
- Потребни документи за поднесување се :
– Програма за работа со финансиски план за 2020 год. (усвоен од Управен одбор);
– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш
во текот на 2019 година (усвоен од Управен одбор);
– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
– Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
Забелешка: Здруженијата чиишто годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават копија од завршна сметка (до крајот на месец Март 2020 год.)
– Потврда за отворена и активна жиро сметка.
- Период за доставување на документите е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 21.01.2020 год.
- Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Комисијата за култура, образование и спорт
Претседател : Ристо Спасов