Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2020 ГОД.
17234
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17234,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2020 ГОД.

Дата

January 08, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија, Спорт

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Службен гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за јавните потреби на спортот во општина Радовиш бр.08-1915/2 од 30.12.2019 год. и донесениот Буџет за 2020 година, од страна на Советот на општина Радовиш, општина Радовиш на ден 08.01.2020 год. објавува :

 

JАВЕН КОНКУРС

за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш

на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2020 год.

 

  1. Се распишува јавен конкурс за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2020 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа со финансиски план за 2020 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2019 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

Забелешка: Спортските клубови и здруженијата чии годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават копија од завршна сметка (до крај на месец Март 2020 г.)

– Решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или Потврда од федерација (копија);

– Копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци) ;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

  • Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 21.01.2020 год.
  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен конкурс бр.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Комисијата за култура, образование и спорт

Претседател : Ристо Спасов