If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2019 ГОД.
15469
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15469,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2019 ГОД.

Дата

January 17, 2019

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија, Спорт

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Службен гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за јавните потреби на спортот во општина Радовиш бр.08-1975/2 од 26.12.2018 год., општина Радовиш на ден 15.01.2019 год. објавува :

 

JАВЕН КОНКУРС

за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2019 год.

 

  1. Се распишува јавен конкурс за распределба на средства на спортските клубови од

Буџетот на општина Радовиш за 2019 година ;

  1. Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа на спортскиот клуб (здружението) за 2019 година ;

– Финансиски план за работа за 2019 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2018 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Одлука од Цент.регистар на Р.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра) ;

– Копија од решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или

Потврда од Федерација дека се натпреварува во организиран систем на натпревари ;

– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.М. (не постара од 6 месеци) ;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

Забелешка : Спортските клубови и здруженијата чии годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават Копија од завршна сметка (до крај на месец Март 2019)

 

  • Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 25.01.2019 год.
  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен повик бр. 

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Комисијата за култура, образование и спорт

Претседател: Ристо Спасов

 

 

pdf-icon   ЈАВЕН КОНКУРС