JАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ДРУГИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2022 ГОД.
Дата
January 11, 2022
Категорија
ВестиВрз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) и член 3 од Методологијата за распределба на финансиски средства на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата бр. 08-1481/1 од 03.12.2021 год. а согласно донесената годишна Програма за активности на општина Радовиш во областа на културата во за 2022 бр.08-1484/1 од 03.12.2021, год. Градоначалникот на општина Радовиш на ден 11.01.2022 год. објавува :
JАВЕН ПОВИК
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата од општина Радовиш за 2022 год.
I. Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата во општина Радовиш за 2022 година ;
II. Потребни документи за поднесување се :
-годишна програма за работа и финансиски план за 2022 год.;
-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2021 год.;
-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда за отворена и активна жиро сметка.
III. Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 21.01.2022 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.