ЧИСТА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И РЕДОВНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ХИГИЕНА ВО ГРАДОТ – набавено ново специјално возило за подигање на смет
Дата
February 24, 2022
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиНародните пари мора домаќински и одговорно да се трошат.
Еден од нашите приоритети за модерна општина е секако зачувувањето на чиста животната средина и редовното одржување на комуналната хигиена во градот.
Нашето јавно комунално претпријатие ЈП„Плаваја“ набави ново специјално возило за подигање на смет со што ја подобруваме услугата за собирање на сметот во нашата општина.
Се надеваме дека со тоа уште повеќе ќе ја зголемиме јавната свест за важноста на екологијата и незагадувањето.
Градоначалник Ацо Ристов