ПРИЕМ НА ГОСТИТЕ ОД РУСИЈА, ЧЛЕНОВИТЕ НА АНСАМБЛОТ „МОЛОДОСТРОЈ“
Дата
November 02, 2017
Категорија
Вести, КултураГрадоначалникот Герасим Конзулов оствари прием на членовите на Ансамблот „Молодострој“ од Кострома, Русија, и членовите на ФА „Китка“ од Ораовица кој се домаќини на овој ансамбл кој е по втор пат гостин во нашиот град и општина. Градоначалникот Конзулов им посака добредојде на гостите од Русија и пријатен престој во нашата општина Радовиш.
Во текот на вечерните часови во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ Радовиш беше одржан заеднички концерт на ФА „Китка“ од Ораовица, и гостите Ансамблот „Молодострој“ од Кострома, Русија.