ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ЗАВРШИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „VoicEU“ ОД ПРОГРАМАТА ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Дата
December 21, 2017
Категорија
ВестиСо реализација на петтата по ред и завршна конференција која се одржа во Солун, Грција, општина Радовиш го заокружи учеството во добиениот проект „Value the Voice of Citizens for Understanding Euroscepticism“ или скратено VOICEU Project.
Во овој проект, кој се реализираше преку програмата „Европа за граѓаните 2014-2020“, потпрограма Демократската ангажираност и граѓанско учество – Мрежа на градови, општина Радовиш беше партнер заедно со општини и организации од Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Литванија, Латвија, Грција, Бугарија, Хрватска и Србија.
Проектот беше целосно финансиран од Европската комисија а носител беше општина Таормина од Република Италија. Во склоп на проектот беа одржани 5 тематски конференции и тоа во Шпанија, Италија, Унгарија, Бугарија и Грција, почнувајќи од 12 Март па се до 17 Декември оваа година. На овие конференции имаше тематски работилници, градење на капацитети, дебати, прес конференции, интервјуа, посети на објекти и други активности на кои учествуваа претставници од општините и организациите, разни експерти и самите граѓани.
Преку размена на искуства помеѓу општините, дојде до, подигање на свеста на учесниците и граѓаните за важноста и придобивките од членството во Европската унија, решавање на проблемот со Евроскептицизмот и застапеноста на граѓаните во Европските институции.
Она што е најважно е дека со потпишувањето на Документот за соработка кој се потпиша во Таормина, Италија, општина Радовиш дојде до зацврстување на нови партнерства и нови можности за соработка и спроведување на идни заеднички проекти финансирани од Европската комисија.
VoicEU Project
“Value the Voice of Citizens for Understanding Euroscepticism”