If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УСАИД, ОПШТИНА РАДОВИШ И ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“
15520
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15520,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УСАИД, ОПШТИНА РАДОВИШ И ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“

Категорија

Вести, Тековни Проекти

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ (МЦГО) – СКОПЈЕ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО (МИМО), ОПШТИНА РАДОВИШ И ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“ – РАДОВИШ

 

Меморандумот беше потпишан од Градоначалникот на општина Радовиш г-н. Герасим Конзулов, извршниот директор на Македонски центар за граѓанско образование г-ѓа. Лорета Георгиева, директорката на ООУ„Никола Карев“ – Радовиш г-ѓа. Каменита Костадинова-Атанасова и раководителот на Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието г-н. Небојша Мојсоски.

 

Соработката што е предмет на меморандумот има за цел да го дефинира партнерството на општината, училиштето и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието во насока на реновирање на училиштето. Во претстојниот период, отворен простор од училишната зграда на централното училиште ќе се адаптира во училница и ќе се набават печки на пелети за загревање на училниците во четирите подрачни училишта во нас. Раклиш, с. Бучим, с. Прналија и с. Тополница.

 

Градоначалникот на општина Радовиш, г. Герасим Конзулов ја истакна заложбата на општина за подобрување на условите во училиштата. Заедно со училиштето, општината ќе учествува со опремување на новата училница и реконструкција на оградата во централното и подраното училиште во с. Прналија.

Воедно, градоначалникот ја изрази посветеноста на општината да обезбеди поддршка за училиштето и заедницата за подобрување на меѓуетничката кохезија и за промовирање на граѓанската култура и демократско однесување на младите.

Инаку, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието опфаќа три компоненти: зајакнување на меѓуетничката кохезија во образовниот систем, зајакнување на граѓанската култура и однесување кај младите на нивно на училиште и заедница, како и стимул за училиштата/реновирање.