СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ОБРАЗОВНИ, КУЛТУРНИ И ВОСПИТНИ УСТАНОВИ
Дата
January 18, 2018
Категорија
Вести
Денес, во салата за состаноци на Советот на општина Радовиш се одржа средба на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов со директорите на општинските образовни, културни и воспитни установи.
На состанокот се расправаше за најважните приоритети во делот на реконструкциите, доградбите, или нови градба, како и во делот на јавните набавки на опрема, коишто сите општински установи во оваа сфера ги доставија до општината.
На почетокот од средбата градоначалникот Герасим Конзулов го изрази задоволството што се воведува една нова пракса за вакви средби со еден поширок формат на кој ќе се разгледуваат и најважните потреби на општинските училишта, културните установи и детските градинки, но на кој ќе се потенцираат и проблемите со кои се соочуваат сите тие со цел заеднички да се решаваат.
Во истата насока, градоначалникот нагласи дека денес се одржува првиот состанок на ова ниво, но дека ќе се востанови пракса со цел неколку пати во годината да се среќаваат, заеднички да го резимираат оствареното на она за што се договориле и прифатиле како обврски, но и да се планираат идните чекори.
Во продолжението од своето обраќање, градоначалникот рече дека пред него го има прегледот на изразените приоритети на општинските, основни училишта: Крсте П. Мисирков – Радовиш, Никола Карев – Радовиш, Орце Николов – Ињево, Коста Рацин Подареш и Кирил и Методиј –Ораовица, на средното општинско училиште Коста Сусинов – Радовиш, како и на установите од сферата на културата: Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци„ и ОУ Центар за култура „Ацо Карманов„ како и ЈОУДГ „Ацо Караманов„ Радовиш за 2018 година и потенцира дека од изразените приоритети се гледа дека сите овие установи имаат многу проблеми, но дека сите овие проблеми, се и општински проблеми и дека токму поради тоа сите тие заедно со општината ќе имааат доста заедничка работа.
Градоначалникот нагласи дека 2018 година е година во која општината ќе ги реализира започнатите проекти, дека некои проекти ќе треба да бидат ревидирани, но дека е и година во која треба да се изработат многу проекти по кои понатаму ќе може да се добиваат средства од повеќе извори. Во тој сегмент тој исто така потенцираше дека веќе има оставрено средби со министрите за образование, култура и труд и социјална работа и дека од нивна страна било изразено убедувањето дека на општините во ове јавни сфери ќе им се дава голема поддршка, или ветар во грб. Во тоаа насока градоначалникот ги повика сите директори да бидат иницијативни, да покренуваат иницијативи и да изработуваат проекти за реализацата на своите приоритети и дека општината исто така ќе помогне во финансикото покривање на изработката на бараните и потребните проекти.
После обраќањето на градоначалникот Герасим Конзулов, сите директори ги потенцираа сите свои приоритети, кои опфаќаат реновирање, или изградби на нови спортски сали, топлотна излација на кровни површини и на спортските сали, но и на останати сегменти од училишните згради, опремување на кабинети ( СОУ Коста Сусинов), решавање на проблеми во одводната мрежа, доградба со нови училници заради одреден недостаток од училишен простор ( ООУ Крсте Петков Мисирков и ООУ НИкола Карев) реконструкција на помошни објекти и нивна адапатација во училиштен простор, поставување лифт, промена на одводни цефки, исзградба на оградни ѕидови и опрема со училишен инвентар (ООУ Крсте Петков Мисирков), потоа реконструкција на училишна спортска сала, реновирање на тоалети во подрачни училишта, изградба на менза, училишен паркинг простор, училишни огради во подрачните училишта, реновирање на подрачна училишна зграда во с. Бучим, потоа во с, Тополница , с.Парналија, како и реновиранје спортски терени во подрачните училишта (ООУ Никола Карев). Од ООУ Орце Николов ја потенцираа потребата од изградба на Спортска сала, која ја немаат, како и реновирањето на централната училишна зграда. ООУ Коста Рацин од Подареш ја нагласија потребата од целосна реконструкција на санитарниот јазол, како и изградба, исто така, на училишна спортска сала. ООУ Кирил и Методиј ја нагласи потребата од замена на столаријата во зграда 1, како и изградбата на потпорен ѕид со трибина на местото на веќе дотраената ограда.
На состанокот беа поставни и одредни прашања до раководителите на секторите за урбанизам Кирчо Сусинов, Виолета Ефнушева на финансии, како и до преставниците од Јавни набавки – Даме Ангеловски и Ване Трајков, кои им дадоа одредени одговори и ги поовикаа на тековна соработка за сите отворени прашања.
Во продолжението на состанокот своите приорити ги изразија и ЈОУДГ Ацо Караманов, кои ја нагласија потребата од замена на кровот со салонитни табли на Управната зграда, како и изградбата на нова градинка со капацитет од 120 до 150 деца, и доградбата на градинката Цветови, но и паретерното уредување во дворот на градинката „Детско изворче„.
ОНБ Браќа Миладиновци ги потенцираа потребите од проширување на библиотеката , како и целосна реконструкција на кровната конструкција. Воедно, тие ги нагласија и потребите од доуредување на постојниот дел од библиотеката со уредување на подот, а ја нагласија и потребата од надградбата и набавката на нова ИКТ опрема, како од ревизијата на библиотечниот материјал и работата на проктните активности.
На крајот од состанокот од страна на ОУ Центар за култура беа нагласени приоритетите од Доградба за гардероби во рамките на административниот дел од ОУ Центар за култура Радовиш со подигнување на уште еден спрат, Реновирање – адаптација на зградата во која беше поставена етно поставка во Меморијален центар за поетот и револуционер Ацо Караманов, кој ќе има музејски, истражувачки и прецведувачи компоменти, како и база за одржувањето на континиумот на најстарата културна манифестација во Радовиш Караманови поетски средби, Партерно уредување на Летната сцена, а на крајот ја потенцираа и потребата од изградба на нова Ликовна галерија со мултифункционална употреба.
На крајот од состанокот, градоначалникот Герасим Конзулов го изрази своето убедување дека од овој состанок ќе се утврдат заклучоци кои заедно со Прегледот со изразените приоритети изработен од страна на советникот за образование Борче Панов ќе дадат основа за изработка на една стратегија со утврдени задачи во контекст на унапредувањето на дејностите на сите установи од сферата на образованитео, културата и грижата и воспитувањето на децата.