If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОСВЕТАТА
11792
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11792,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОСВЕТАТА

 

 

 

 


По повод 24 Мај – денот на просветата и светите браќа „Кирил и Методиј“ во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш беше одржана свечена Академија. Свечената академија започна со Беседата за светите браќа „Кирил и Методиј“.

Akademija Kiril i Metodij (3)

Градоначалникот Сашко Николов во своето обраќање до присутните гости и просветни работници честитајки им го овој значаен празник истакна дека со мисијата на светите браќата „Кирил и Методиј“ и нивните ученици треба да бидеме горди што преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изучување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старомакедонскиот јазик, а по нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност.

Akademija Kiril i Metodij (1)

Овој празник го одбележуваме гордеејќи се и на сите достигнувања во сферата на образованието во општина Радовиш – тие достигнувања се од исклучителна важност бидејки во последната деценија во образованието во општина Радовиш како никогаш претходно беа вложени огромни средства и постигнати одлични резултати. Постојаното вложување во локалната образовна инфраструктура придонесе за сериозен напредок во образовниот процес кој дополнително е потикнат и со стимулирање на воспитно-образовниот кадар, а секако со потикнување и стимулирање на самите ученици.

Akademija Kiril i Metodij (6)
Општина Радовиш секоја година доделува ученички стипендии за најталентираните ученици од основното и средното образование, а исто така ги наградува и сите наставници и ментори на учениците кои што постигнуваат значајни резултати на републички и меѓународни натпревари – истакна Градоначалникот Сашко Николов.

 

Во продолжение беа прогласени најдобрите просветни работници за 2016 година на кои Градоначалникот Сашко Николов им додели признанија и плакети.

Akademija Kiril i Metodij (2)

Плакети и за најдобар наставник во одделенска настава од основното обрзование се прогласи Кире Јованов од ОУ „Орце Николов“ – Ињево. За најдобар наставник во предметна настава од основното образование се прогласи Анита Митева Цветковски од ООУ „Никола Карев“-Радовиш. За најдобар професор во средното обрзование се прогласи Иванка Спасова. За најдобра воспитувачка од ЈОУДГ „Ацо Караманов“ Радовиш се прогласи Снежана Ристова и најдобра негователка Нина Ристова.

 

Признанија за најдобрите наставници: ООУ „Крсте П. Мисирков” Светлана Чапова-одделенска настава, Марјанчо Шарковски-предметна настава, и Мевљуда Асанова-одделенска настава по Турски наставен јазик, од ООУ „Никола Карев“-Стојанка Гаваљугова-одделенска настава, од ОУ „Орце Николов”- Ињево-Јасмина Николова-предметна настава, од ОУ „Коста Рацин” Подареш – Андреева Павлина-одделенска настава, и Стојчева Јанка-предметна настава, од ОУ „Кирил и Методиј” Ораовица-Викица Митева-одделенска настава, и Верица Маринковска-предметна настава.

Akademija Kiril i Metodij (4)

Академијата продолжи со одржување на театарската претстава „Сомнително Лице“ во режија на професорката по македонски јазик Катерина Диманова при СОУ„Коста Сусинов“ поставена заедно со учеството на ученици од нашата гимназија.

Дата

May 23, 2016

Категорија

Вести, Култура