ОСТАВАРЕНА СРЕДБА СО БЕНЏАМИН ПЕРКС – ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА UNICEF ВО МАКЕДОНИЈА
Дата
February 01, 2018
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов денес оствари средба со високиот претставник од канцеларијата на UNICEF во Скопје г-дин Бенџамин Перкс кој заедно со дел од својот тим и Регионалниот координатор за Ран детски Развој, Василка Брендова и Претседателот на Советот Коле Чаракчиев ги посетија центрите за Ран детски развој во градот Радовиш и Подареш.
Бенџамин Перкс и Градоначалникот Конзулов разговараа за продолжувањето на партнерството за соработка, и претходно потпишаниот меморандум за соработка, а со цел нормално функционирање и работа на овие центри за Ран детски развој кој опфаќаат дечиња од претшколска возраст.