ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ ОСТВАРИ СРЕДБА И ПРИЕМ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД „ДЛУР РАДА“ РАДОВИШ
Дата
February 05, 2018
Категорија
ВестиДенес, преставници од Организациониот одбор на колонијата заедно со претседателот на „ДЛУР Рада“ Радовиш Душан Коцев беа во кабинетот на градоначалникот Герасим Конзулов, каде што предадоа дел од сликите, коишто согласно правилникот на „ДЛУР“ и колонијата и припаѓаат на општина Радовиш како генерален покровител на колонијата.
Градоначалникот срдечно му се заблагодари на претседателот на „ДЛУР Рада“ Радовиш Душан Коцев и нагласи дека е задоволен од резултатите што ги дава оваа ликовна колонија и дека колонијата и понатаму ќе ја има поддршката од општина Радовиш.
Друштвото на ликовни уметници „Рада ДЛУР“ Радовиш, од 29.05 до 04.06.2017 година ја реализира Втората меѓународна ликовна колонија Св. Георгиј-Ораовица. На колонијата учествуваа дваесетина ликовни уметници и тоа академските сликари: Тони Чатлевски, Новица Трајковски, Андријана Масиев, Петра Јовановска, Ѓоко Антониев, Мирјана Крстева-Масети, Цветанка Јованова Хермес како и уметниците од „ДЛУР Рада“ од Радовиш.
Од странство учествуваа уметниците: Орхан Чабриологру од Турција, Петар Бељашки од Бугарија, Елена Березина од Русија и Тодор Јовановски од Србија. На колонијата учествуваа и ликовните уметници-членови на „ДЛУР Рада“ Радовиш: Душан Коцев, Благој Јованов, Крсте Тарабунов, Томе Даневски и Славе Јованов.
Колонијата наиде на широка поддршка и од ликовните уметници од Македонија, Европа и светот, а со поддршката што ја добива, пред сè од страна на општината Радовиш и Рудникот Бучим, таа веќе стана традиционална културна манифестација во општина Радовиш и Република Македонија.