СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РУДНИКОТ „БУЧИМ“
Дата
February 09, 2018
Категорија
ВестиЈАВНИ ДЕБАТИ ЗА ОТВАРАЊЕ НА НОВИОТ ПОВРШИНСКИ КОП “БОРОВ ДОЛ“
Денес во општина Радовиш беше одржан состанок од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов и претставници од рудникот Бучим.
Целта на посетата и средбата беше најава за реализација на јавни дебати, за отварање на новиот површински коп „Боров дол“ кој е на локалитет помеѓу езерото Мантово и населеното место Брест.
На овој состанок беа присутни претставници од инвеститорот-рудникот Бучим предводени од Директорот Николајчо Николов, Градоначалникот Герасим Конзулов и службите во општина Радовиш.