РАБОТНИ СРЕДБИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ „ГАСИФИКАЦИЈА НА ОПШТИНА РАДОВИШ“
Дата
April 02, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиОстварени службени средби со цел изработка на проект за гасификација на општина Радовиш и средба во амбасадата на Шведска во Македонија за поинтезивна соработка преку УНДП програмата за развој на ОН
Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со раководителот на секторот за урбанизам во општина Радовиш Кирчо Сусинов, деновиве, остварија работна средба во Скопје најпрвин со раководителот на проектантската фирма ФИЛБИС Дооел Скопје, коешто е водечко име во областа на проектирањето во областа на запалливите супстанции, магицински простор, како и инсталациите за горива и имплементацијата на течниот нафтен гас – ТНГ во Република Македониаја.
Градоначалникот и началникот за урбанизам во Филбис разговараа за изработка на техничка документација и основен прокет за реализација на Гасификацијата на општина Радовиш.
Општина Радовиш е помеѓу првите десет општини во Република Македонија, која има побарано изработка на техничка документација за гасификација на општината со што ќе се создаде можност за апликацирање за изработка на мрежа за гасификација, која доаѓа од Република Бугарија, па преку Струмица, цефководот ќе поминува и кон Радовиш.
Во текот на оваа седмица од проектантското биро ФИЛБИС до градоначалникот ќе биде доставен ПРАШАЛНИК на кој стучните служби во општината треба да дадат одговор. Истовремено ќе се изработи и тендерска документација согласно техничката документациа со цел распишување тендер за јавна набавка по овој капитален прокет кој се проценува во вкупна вредност од 1.000 000, 00 евра.
Временската рамка за реализацијата на овој прокет е почеток на 2019 – крај на 2020 година.
Исто така, градоначалникот на општината заедно со раководителот на урбанизам остварија и работна средба во Шведската амбасада во Република Македонија во која беа примени од раководителот Билјана Џартова – виш менаџер по Програмата за развојна соработка и трговски односи во оваа амбасада.
При разговорите се потенцираше дека соработката на општината Радовиш со амбасадата ќе резултира со збратимување со шведски град со слични референци како Радовиш со можност за заедничка соработка, како и за поинтезивна соработка преку УНДП програмата за развој на ОН преку која може да се овозможи влез на средства за развојот на општина Радовиш. Во таа смисла, преставникот на амбасадата вети дека ќе помогне во реализацијата на таа соработка, особено во сферите на родовата еднаквост и заштитата на животната средина.