If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ДО ДОВЕРИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА РАДОВИШ И ДОВЕРИТЕЛИТЕ НА ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ ОСНОВАНИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
15315
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15315,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ДО ДОВЕРИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА РАДОВИШ И ДОВЕРИТЕЛИТЕ НА ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ ОСНОВАНИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

Дата

December 03, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Радовиш објавува

 

            ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018

До доверителите на Општина Радовиш и доверителите на единките корисници основани од Општина Радовиш, од областа на образованието,културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

 

Се повикуваат доверителите на Општина Радовиш и доверителите на единките корисници основани од Општина Радовиш, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Рокот за пријавување на побарувањата е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

 

За обврските на општината, градоначалникот пристапува кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, градоначалникот и одговорното лице на единката корисник пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

 

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација: Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Радовиш или единката корисник и доверителот, Книговодствена документација за вкупните нивни побарувања и Тековна состојба(за правните лица) не постара од 6 месеци.

 

Документацијата целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Радовиш : www.radovis.gov.mk .

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и образецот „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Радовиш и доверителите на единките корисници основани од Општина Радовиш од областа на образованието, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања ” ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Радовиш.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или во архивата на Општина Радовиш (од 07:30 до 15:30 часот секој работен ден), на бул.„Александар Македонски“ бр.7, 2420 Радовиш.

 

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

 

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 032-617-700 – Сектор за финансиски прашања или на електронската адреса: gradonacalnik@radovis.gov.mk

По завршувањето на Јавниот повик за понатамошната постапка Градоначалникот на Општина Радовиш ќе постапува во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

 

 

 

pdf-icon  Погледни или превземи