АМБАСАДОРОТ НА ТУРЦИЈА, ОМУР СОЛЕНДИЛ ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ
Дата
April 07, 2015
Категорија
ВестиДенес во посета на општина Радовиш беше Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија г-дин Омур Солендил, каде што оствари средба со Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов.
На оваа средба од страна на Градоначалникот Николов, Амбасадорот Солендил беше запознаен со потенцијалите на општина Радовиш и поволните услови и можности за инвестирање на турските компании во новоформираната ТИРЗ Радовиш, а исто така беше искажана благодарност за досегашната успешна соработка со Република Турција и заедничките реализирани проекти во општината.
Од страна на Амбасадорот Омур Солендил беше истакната и потврдена поддршката која Турција ја дава и ќе продолжи да ја дава за Република Македонија, а во најскоро време беше и најавен уште еден заеднички проект кој допрва треба да се реализира во општина Радовиш.