If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
12001
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12001,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Дата

October 21, 2016

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Денес се работеше на асфалтирањето и завршните работи околу изградбата на улицата „Бел Камен“ и крак 1 односно денес и утре целосно ќе биде асфалтирана улицата во должина од 300 метри.

 

Нејзината изградба беше започната на почетокот на 2016 година, и покрај асфалтирањето беа изградени и два потпорни ѕидови со оглед на конфигурацијата на теренот чија што изградба чини 500.000 денари, додека изградбата на улицата чини 4.018.830 денари кои се обезбедени од буџетот на општина Радовиш.

 

Улицата е изградена според градежните норми и стандарди, дебелината на асфалтот е 8 см, поставени се ивичњаци и во идниот период ќе бидат изградени тротоари.

 

,,Потребата од изградба на ова улица беше очигледна со оглед на тоа дека подолг период беше отежнат пристапот на жителите од овој дел до своите домови, како и се решава пристапот до горниот дел од градските гробишта сега овој проблем е решен, и се насочуваме кон реализација на идни проекти и решавање на другите проблеми на жителите од општината“ – рече градоначалникот Сашко Николов.