If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ВО ОПШТИНА РАДОВИШ УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА”
9584
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9584,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ВО ОПШТИНА РАДОВИШ УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА”

Дата

December 03, 2014

Категорија

Вести

И покрај врнежливото време денес во Општина Радовиш успешно беше спроведена акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, еколошка акција која се спроведува низ цела Македонија.

 

Во општина Радовиш се пошумуваше на две локации, на м.в. Градска Корија оддалеченост 2 км, од градот и м.в. Село во атарот на Калуѓерица. Пошумувањето се изврши со 80,000  садници на црн бор, чемпрес, јасен, јавор и багреми. Граѓаните и ученицте уште во утринските часови беа на локациите за пошумување со обезбеден превоз кој ротираше на два часа.

 

Денес граѓаните на Радовиш масовно се приклучија на акцијата „Ден на дрвото“, заедно со нив беше и Градоначалникот Сашко Николов кој што истакна дека оваа акција која во континиутет се организира веќе неколку години, придонесува за зачувување на природата и справување со климатските промени, кои не ја надминуват и општина Радовиш, затоа и овогодишното мото на акцијата е , Стоп за катастрофите’’, – засади ја својата иднина’’.

 

 

Денес во Радовиш како дел од акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, беше и Анета Димовска – Државен секретар во Министерството за Економија која истакна дека со овие акции за пошумување придонесуваме за подобра животна средина и полесно справување со климатските промени и глобаното затоплување.

 

 

Во денешната акција исто така активно се вклучија сите ученици од основното и средното образование, вработените во државните институции и јавната администрација, директорите од сите установи и јавни претпријатија, како и Пратеничката во Собранието Нада Ципушева и Претседателот на Советот Никола Миовски.