ВО РАДОВИШ НАД 400 ПАРЦЕЛИ ЗА ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“
Радовишани покажаа голем интерес за караванот „Купи куќа за млади“
Вчера во Салата на советот на општина Радовиш во присуство на голем број заинтересирани граѓани и претставници од надлежните институции беа презнтирани програмите на Владата на Република Македонија „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан„.
Воведно обраќање имаше Градоначалникот Сашко Николов кој посочи на важноста и бенефитите кои овие проекти ќе ги имаат за младите и воопшто за сите граѓани на општина Радовиш, укажа и на тоа дека општината е спремна со објавување на градежни парцели кои можат да бидат дадени на јавна продажба-лицитација на локација кај Старата касарна за што веќе е изготвен ДУП, тој исто така потенцираше дека општината се наоѓа во завршна фаза за подготовка на урбанистичка планска документација за новата типска населба „Чам баир“.
На ова локација со подршка на Владата на Република Македонија овој урбан дел ќе има околуу 400 парцели и комплетната инфраструктура ќе биде изградена со подршка од Владата на Република Македонија.
Претставниците од надлежните институции и сите банки кои се вклучени во проектот најпрво го образложија истиот и одговарија на сите прашања кои беа поставени од граѓаните во врска со бенефитите и условите за користење на дел неповратни средства кои ги дава Владата, и дел кредит.
Граѓаните покажаа интерес за ова средба при што се виде дека во општина Радовиш постои голема заинтересираност за овој проект.
Дата
April 07, 2016