Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРИЕМ НА ТРИАТЛОНЕЦОТ ДАВИД МИЈАЛОВ
11500
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11500,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРИЕМ НА ТРИАТЛОНЕЦОТ ДАВИД МИЈАЛОВ

Денес, прием кај Градоначалникот Сашко Николов имаше нашиот талентиран млад спортист Давид Мијалов кој е трикратен државен првак во Триатлон и Дуатлон во својата категорија, корисник на Државна стипендија од Агенцијата за млади и спорт и Спортист на годината во општина Радовиш во изминатите три години.

 

На приемот беше искажана огромна благодарност за подршката која ја добива од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, беа презентирани сите досегашни успешни резултати на национално и меѓународно ниво а беа посочени и сите престојни активности кои го очекуваат Давид во 2016 год., особено учеството на Европското првенство до 23 год. во Бургас како и Европските купови во Тишаујварош,Р.Унгарија, Тулчеа, Романија и завршниот куп во Загреб, Р.Хрватска.

 

Градоначалникот Николов искажувајќи го своето задоволство, искрено му посака уште поуспешни резултати на сите овие престижни турнири со што и понатаму Давид да претставува мотивација за сите млади и надежни спортисти во нашата општина.

Дата

April 04, 2016

Категорија

Вести, Спорт