ВТОРА СЕСИЈА ОД “ФОРУМОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА”
Дата
November 19, 2014
Категорија
ВестиВчера беше одржана втората сесија од проектот Форуми на заедниците-Буџетски форум. На буџетскиот форум присуствуваа над 80 граѓани кои активно се вклучија во спроведувањето на предвидените активности и дискусии.
Имено, на втората работна сесија за буџетскиот форум се разговараше за приходите и расходите во општинскиот буџет при што присутните имаа можност да ги изнесат своите ставови поделени во 9 работни групи.
Воедно се дефинираа насоките за одржувањето на третата работна форумска сесија која е предвидено да се одржи на 26.11.2014 година на истото место во исто време.