ГРАДОТ РАДОВИШ БЕШЕ ДОМАЌИН НА 800 ДЕЧИЊА-ФОЛКЛОРИСТИ
Дата
June 01, 2015
Категорија
Вести, КултураВикендов под покровителство на Градоначалникот Сашко Николов беше одржан јубилејниот 15-ти по ред Меѓународен фолклорен детски фестивал ,,Оро весело,,.
Овој фестивал се организира по повод патронот на градот празникот Света Троица. Успешната организација се должи на долгогодишното искуство и работа на ФА,,Бучим,, кој ова година успеаа да организираат настап на 20 ансамбли од сите региони на Република Македонија како и два ансамбли од Р.Бугарија од Кресна и Струмјани.
Главниот настап беше на плоштадот, а нему му претходеше дефиле и посета на црквата ,,Света Троица,,.
Претставници на фолклорните ансамбли имаа прием кај Градоначалникот Сашко Николов каде со голема љубов и топлина беа примени, и им беа дадени пригодни подароци.
Ова фолклорна манифестација станува препознатлив културен белег на нашиот град и општина Радовиш.