ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ТЕТЕВЕН НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „СВ.СПАСО РАДОВИШКИ“
Дата
August 22, 2019
Категорија
ВестиДелегација од збратимената општина Тетевен од Република Бугарија, составена од Претседателката на Советот Г-ѓа Марија Стојчева, Градоначалникот на населеното место Голем Извор, Г-дин Илијан Маринов, Секретарот на општината Цветелина Стојанова, Директорот на општинската администација Валентина Николаева и Г-дин Младен Милев од Туристичкиот информациски центар, присуствуваше на манифестацијата „Св.Спасо Радовишки“ која се одржа во деновите од 19 до 21 Август во општина Радовиш.
Најпрво во Вторникот 20.08., беше извршен прием кај Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов на кој присуствуваа и Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, Пратеничката Милевка Ѓоргиева и Секретарот на општина Радовиш, Драги Стојанов. На приемот беа разменети позитивни искуства и беше изразено обострано задоволство од досегашната соработка со желби за истата да продолжи и понатаму.
Потоа делегацијата беше дел од вечерната Архиерејска богослужба во Храм „Св.Троица“, од вечерна Литија од Храм „Св.Троица“ до плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ како и од Духовната академија во Храм „Св.Троица“.
Делегацијата замина вчера по одржувањето на Славската трпеза во Манастирот „Св.Георгија“ во с.Ораовица.