If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЖИТЕЛИТЕ ОД ПОДАРЕШ ДОБИВААТ ДВЕ НОВИ УЛИЦИ
12064
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12064,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЖИТЕЛИТЕ ОД ПОДАРЕШ ДОБИВААТ ДВЕ НОВИ УЛИЦИ

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Во населеното место Подареш од денеска почнува асфалтирањето на новоизградените две улици во ова населено место кое е оддалечено од градот Радовиш околу 10 км. Првиот слој асфалт се става на  улица ,,6“ која  е со должина од 420 метри, а втората улица ,,19“ е со должина од 168 метри вкупно 588 метри.

 

Улица „6“ со која денеска започнува асфалтирањето чиник 4.885.060 денари. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Европска Унија ИПА претпристапни фондови грант средства за рурална инфратруктура, истите се администрирани според правилата на Светска банка, општина Радовиш има сопствено кофинансирање на дел од проектот.

 

Изведувач е градежната фирма „Изградба“ ДОО Струмица и ако дозволат временските услови овие активности ќе бидат завршени во најбрз можен рок. Во решението двете улици се со профил составен од коловоз 5.00м. и тротоар од двете  страни по 1,50м. ширина. Наклонот на коловозот е едностран со 2.5% пад за двете улици.

 

Со непосредната изградба и модернизација односно асфалтирање и изградба на тротоарни површини на улиците целосно ќе бидат задоволени потребите на жителите, а со тоа и економската оправданост на овој проект. Директни корисници на овие две улици се речиси сите жители на населеното место Подареш околу 1400 лица.

„Постигната е главната цел за обезбедување на долгорочно подобрување за непречено користење на улиците, со што ќе се задоволат потребите на жителите на населеното место Подареш“рече градоначалникот Сашко Николов.