If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЗАВРШИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ВО РАДОВИШ
11022
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11022,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЗАВРШИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ВО РАДОВИШ

Дата

October 19, 2015

Категорија

Култура

Изедени 35 000 самуни за три дена – Досега најмасовно посетена ,,Самун ем татлија“

 

Одличната организација од страна на општина Радовиш, прекрасната забавна програма и музика кои допринесоа за незаборавна атмосфера, вкусната храна, пријателската дружба и убавото време се нештата кои допринесоа третата по ред Манифестација ,,Самун ем Татлија,, да помине во досега рекордна посетеност на гости од околните градови и целата наша Република. За тоа сведочи и бројот на продадени сомуни и татлија. И годинава сите учесници ги испочитуваа договорените правила и не отстапија од квалиетот на самунот и татлијата.

 

Одличните Харис Џиновиќ, Каролина, Тамара, Тумбао салса бенд, Уска Кан и другите направија одлична атмосфера, во саботата на концертот на Харис Џиновиќ – колони со возила се упатуваа кон Радовиш.

Во саботата атракција беше „Мега самунот“, потоа натпреварите во најбрзо јадење на самун.

 

Гостите од збратимените општини и градови Велика Плана, Чока-Србија и Васлуј-Романија беа восхитени и презадоволни од приемот и целокупната организација.

 

Гостин на манифестацијата беше и претседателот на државата Ѓорги Иванов заедно со неговата сопруга Маја Иванова. Претседателот Иванов претходно го посети и Манастирскиот комплекс Св.Ѓеорги Великомаченик, во с.Ораовица.

 

,,Задоволен сум што и ова година докажавме дека Радовиш и радовишани знаат и умеат да го направат најдоброто и да го дадат најдоброто од себе кога станува збор за заеднички да го промовираме нашиот град. Докажавме дека го сакаме Радовиш и ќе продолжиме со истото темпо и дух, до градиме мостови кои не зближуваат и сврзуваат, да создаваме дела кои ја оживуваат нашата традиција и во исто време не зближуваат како луѓе и граѓани на нашиот град и држава“-рече градоначалникот Сашко Николов.