ЗАВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ НА РАДОВИШКА РЕКА КАЈ ЗЛЕОВО
Дата
April 03, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиСо изведбата на горниот асфалтен слој на мостовската конструкција, жителите од населеното место Злеово во општина Радовиш, повторно ќе имаат можност преку регионалниот пат Р29741 да се поврзат со магистраниот пат А4 (Радовиш-Штип).
Околу 1500 жители од оваа радовишко село беа отсечени од сообраќајната мрежа во регионот, по силните поројни дождови и надојдените води од Радовишка река кои го урнаа постоечкиот мост.
Изградбата на овој капитален објект со должина од 45 метри изнесува 25 милиони денари издвоени од буџетот на Република Македонија, преку Јавното претпријатие за државни патишта и соработка со општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов како и на останатите гредежни активности кои се во тек, беше во работна посета при изградбата на објектот.
Градежните работи се изведени од градежната компанија Жикол од Струмица во предвидениот рок според договорот.