ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ВО УБ 15 ВО РАДОВИШ
Дата
October 02, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиДеновиве започна реализацијата на проектот за изградба на улица бр. 4 во УБ 15 во Радовиш, каде што ќе биде опфатена исто така и изградба на атмосферска, водоводна и канализациона мрежа на оваа улица бр. 4., и дел од улица бр. 3. Должината е 180 метри.
Инвеститор на овој проект кој е во вредност од 5,5 милиони денари е општина Радовиш, изведувач на работите е Алфа Инжинеринг.