ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА
Дата
May 03, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГрадоначалникот Герасим Конзулов заедно со тимот на соработници, Раководителот на секторот за урбанизам Кирчо Сусинов вчера беа на терен каде што се одвиваат градежните работи околу реконструкцијата на регионалниот пат кон Планината Плачковица.
Регионалниот пат кон планината Плачковица започна да се реконструира на делот од т.н. место Шумска куќичка кон градот Радовиш во должина од 2,5 км, каде што е констатирано најголемо оштетување и претставуваше проблем за нормално движење на возилата.
Вреди да се напомене дека од изградбата после 45 години за прв пат се реконструира дел од овој регионален пат, каде што целоснo од 2,5 км. ќе се постави нов слој, а исто така се работи на опфаќање на водите кој го оштетуваа асфалтот. Се надеваме дека во наредните години ќе успееме целосно да биде реконструиран овој регионален пат со поставување на нов асфалтен слој долж целата делница. Овој проект за реконструкција е финансиски поддржан од Владата на Македонија, преку Агенцијата за државни патишта, а треба да се заврши до крајот на месец мај. – истакна Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов.