ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНА ТАКСА
Дата
December 09, 2015
Категорија
Известување, СоопштенијаНајкасно до 31.01.2016 година граѓаните кои имаат промени во состојбата со недвижниот имот или комунална такса ќе можат да поднесат даночна пријава
Општина Радовиш врз основа на член 29 од Законот за данок на имот истакнува Јавна покана за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2016 година. Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2016 година поднесува даночен обврзник (правно или физичко лице), сопственик, корисник или плодоуживател на стамбени објекти, административни згради, деловни простории кои служат за вршење на дејноста на обврзникот и сите други објекти како во градот така и во населените места вклучувајќи ги и оние од ридско-планинските подрачја. Од 01.01.2008 год. обврска за поднесување на даночна пријава за имот има и за оној имот кој досега бил ослободен од одредбите на досегашниот закон.
Истотака граѓаните кои сакаат да пријават неправилности во досегашната пресметка можат да го направат тоа без уплата на административна такса со пријава во Даночно одделение од 8-15 часот.
Истотака се повикуваат граѓаните да ги измират своите обврски за плаќање на данок на имот и комуналан такса.