ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата
July 09, 2014
Категорија
ИзвестувањеОпштина Радовиш во текот на вчерашниот ден објави соопштение во кое има направено ненамерен лапсус (користење на несоодветна терминологија).
Имено, се работи за активност за заловување на кучиња скитници и нивен транспорт до прифатилиште. Целата оваа активност ќе биде спроведена согласно Законот за заштита и благосостојба на животните од страна на одобрено прифатилиште со кое општина Радовиш (по спроведена јавна набавка) има склучено договор.
Во оваа прилика општина Радовиш им се извинува на сите љубители на животни за ненамерното вознемирување кое го предизвика со првично објавеното известување .
Општина Радовиш е општина која целосно го почитува Законот за заштита и благосостојба на животните и во иднина ќе продолжи да се залага за негово максимално почитување.