ИЗВРШЕН УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ПОДАРЕШ-СМИЉАНЦИ
Дата
September 12, 2019
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГрадоначалникот Конзулов изврши увид во градежните активности на локалниот пат Подареш-Смиљанци, односно од мостот на Смиљанска река до центарот на селото.
Се работи на асфалтирање на патот кој е во должина од 2.7 км. Градежните работи се очекуваат да завршат во наредните 7 дена. Вкупната вредност на проектот изнесува 25.500.000 денари.