ИНВЕСТИЦИЈА ОД 500.000 ЕВРА ВО ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
April 08, 2015
Категорија
Вести, Тековни Проекти,,На мое големо задоволство,, -рече Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, од денеска објавувам дека започнува со реализација една голема капитална инвестиција во нашата општина.
Од буџетот на општината ќе бидат инвестирани 500.000 евра во уредување на патната инфраструктура односно асфалтирање на локални улици во с.Калугерица, населба: Раклиш, ул: Дане Трајков, ул: ,,Браќа Миладинови,, ,ул: ,,Корча маало,, и крак ,,6-Ноември,,.
Нашето ветување дадено кон граѓаните во 2014 год. го остваруваме благодарение на посветеноста на службите на општина Радовиш, вложивме голем труд и енергија со цел да ја подготвиме проектната документација, извршивме експропријацијата.
Паралелно со овој проект реализираме уште еден проект за поплочување со бехатон плочки на пристапни улици во село Сулдурци, крак на ул: ,,Калаузлиска,, и улица во ,,Габрешко маало,,.