ИНФОРМАТИВЕН СОСТАНОК 5. КОМПОНЕНТА “ИПА-ИПАРД” ПРОГРАМА
Дата
November 24, 2014
Категорија
ВестиВо салата на Советот на општина Радовиш се одржа информативен состанок на тема 5. компонента на ИПА-ИПАРД на кој состанок беа поканети да земат учество претставници од различни занаети (занаетчии) од општина Радовиш.
На информативниот состанок беа презентирани можностите за искористување на неповратни средства од ИПАРД програмата, конкретно мерката 302 од страна на општина Радовиш и здружението Современ Фармер од Радовиш.