Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2014“
9934
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9934,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2014“

Дата

February 13, 2015

Категорија

Вести

Со присуство на голем број спортисти и спортски работници, како и претставници од јавниот и приватниот сектор од општина Радовиш, а во организација на Општина Радовиш – Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш, а под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов вечерва беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2014“.

 

Спортот е дел од нашето национално чувство, спортот е она преку кое најдобро може да се презентирате себеси, да ја презентирате својата спортска екипа, да ја презентирате својата општина и својата држава. Изминатата 2014-та година, општина Радовиш беше исполнета со бројни спортски настани и манифестации, а исто така и со големи успеси на нашите спортски екипи. Ние како општина инвестиравме и ќе инвестираме секогаш во спортот и спортската инфраструктура. Благодарност до сите спортски екипи кои преку организацијата на спортските турнири и манифестации сериозно ја подигнаа свеста за важноста на спортот и водењето на здрав живот. Се надеваме дека во иднина со уште понапорна работа и мотивација ќе нанижувате се повеќе, и повеќе успеси како на поединечен, така и на клубски план, а со тоа поуспешно ќе ја промовирате општина Радовиш и Република  Македонија – истакна во своето обраќање Градоначалникот Сашко Николов.

 

Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш објави Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи, при што беа поднесени 13 пријави од страна на спортските клубови и здруженија. Комисијата врз основа на Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината изврши избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски работник и посебни спортски достигнувања во текот на изминатата 2014 година. Со оглед на предвидените критериуми во Правилникот, во предвид се беа земени параметрите: – Постигнати спортски успеси на меѓународен план, – Постигнати спортски резултати на национално ниво, – Како и Развиеност и Јавен статус на спортот на Државно и на Локално ниво.

 

На оваа манифестација исто така беше направена една кратка ретроспектива на сите спортски настани и манифестации кои ја одбележаа 2014 година,  како и осврт на новата и обновената спортска инфраструктура во општината.

 

 

Од пристигнатите номинации од страна на спортските клубови, а според Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, признанија и награди добија следните спортисти и спортски работници.

Добитници на Плакета – Спортист на годината 2014 год.

 

Категорија – Сениори

Мите Ашкилов – Маи Таи „Комбат“

 

Категорија – Јуниори

Ѓорги Јованов – БК „Бучим Радовиш“

 

Категорија – Кадети

Ратко Костов – Џудо клуб „Сенсеи“

 

Категорија – Пионери (најперспективен спортист на годината)

Давид Мијалов – Триатлон клуб „Анада“,

 

Спортски тренер на годината

Тони Танчев – БК „ Бучим Радовиш “

 

 

Добитници на спортско Признание за Посебно спортско достигнување

Трајан Ангелов – БК „Бучим Радовиш“

Јован Станишков – АК „Плоча“

Драган Јованов – ВК „Свиок“

Ристе Лазарев  -КК „Бучим-Феникс“

Ѓорги Божинов  – БК „Бучим Радовиш“

УСК „Крсте П. Мисирков“

ФК „Извор – Сениори“ – Калугерица

ООУ „Никола Карев“

 

 

Добитници на Плакета

Глигор Кушовски – Спортски работник за повеќегодишна работа

Јордан Јовчев – Спортски работник за повеќегодишна работа