НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ШТИП-РАДОВИШ: Изградбата почнува следната година
Категорија
ВестиИзградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш ќе почне следната година. Финансиски средства во износ од 64 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Експресниот пат ќе биде во должина од 39 километри, со по една лента во двете насоки и со две ленти од двете страни за застанување. Ширината на коловозот ќе биде 11,4 метри. На патот ќе има 10 мостови и вијадукти, три натпатници, 34 пропусти и четири клучки.
Потпишан договорот за заем вреден 64 милиони евра за изградба на експресен пат од Штип до Радовиш. Ова ќе претставува модернизација на патната инфраструктура во источниот и југоисточниот дел од земјава, вели вицепремиерот Ставрески. Изградбата на патот ќе започне во почетокот на 2016-та година.
„Со договорите што денес ги потпишавме за заем и за гаранција со ЕБОР, обезбедени се 64 милиони евра, за изградба на експресен пат од Штип до Радовиш. Станува збор за пат во должина од 39 километри, модерен пат кој значително ќе ја подобри патната инфраструктура во југоисточниот дел на земјата, односно ќе обезбеди поврзување на целиот југоисточен регион“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Зајакнувањето на транспортната инфраструктура е приоритет за Европската банака за обнова и развој, која ја продлабочува регионаланата интеграција во Западен Балкан.
Модернизацијата на патната инфраструктура ќе овозможи Македонија да стане попривлечна за странските инвеститори и ќе даде подобри извозни можности, посочи директорот за Западен Балкан во ЕБОР, Холгер Муент.
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, соопшти дека експресниот пат ќе биде во должина од 39 километри, со по една лента во двете насоки и со две ленти од двете страни за застанување. Ширината на коловозот ќе биде 11,4 метри. На патот ќе има 10 мостови и вијадукти, три натпатници, 34 пропусти и четири клучки.