ОБЈАВА
Дата
February 25, 2015
Категорија
Известување, СоопштенијаВрз согласност со член 29 и член 51-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) е подготвена Проект за инфраструктура за изградба на ски центар Плачковица – Општина Радовиш. Во согласност со член 67 од Поглавје X (оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13 и 42/14 ) од страна на Консултантско друштво ЕВОЛВИНГ ДОО од Скопје изработен е: Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Проект за инфраструктура за изградба на ски центар Плачковица – Општина Радовиш со број 12-С-14 од декември 2015 година.
Извадок од планската документација и Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина се достапни на веб страната на Општина Радовиш (www.radovis.gov.mk) и во просториите на Општина Радовиш со седиште на бул.„Александар Македонски“ бр.7, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. По увидот органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, органите засегнати од имплементација на планскиот документ, правните и физичките лица, владини и невладини организации можат да го достават своето мислење во врска со урбанистичкиот план и нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина, во писмена форма до одговорните лица за контакт назначени од Градоначалникот на општина Радовиш, во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на информациите во врска со нив. На ден 04.03.2015 година (среда), во салата за состаноци на Општина Радовиш, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи јавна расправа по горе наведените документи. На расправата се повикуваат да земат свое учество сите заинтересирани страни.
(превземи)