ОДБЕЛЕЖАН 9-ТИ ДЕКЕМВРИ: ДЕНОТ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА
Дата
December 09, 2018
Категорија
ВестиПо повод Денот на Превенцијата 9-ти Декември, Локалниот Совет за превенција при општина Радовиш одржа Свечена седница.
На свеченоста беа присутни претставници од ОБСЕ, Началникот на СВР-Струмица, Началникот на отсек за превенција, Командирот на ПС од ОН Радовиш, Градоначалникот Конзулов со општинска делегација, претставници на општинскиот Совет и други соработници на Локалниот Совет.
Во рамките на седницата беа доделени благодарници за сите соработници на Отсекот за превенција кои дале свој придонес во решавањето на локалните пробелми во текот на 2018 година.