ОДОБРЕНИ 23 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ПРОГРАМАТА ТАВ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ДО ГРАДСКИОТ ВОДОВОД
Дата
July 30, 2021
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГрадоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за изградба на „Локален пат Радовиш- пристап до градскиот водовод Радовиш во Општина Радовиш“ со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак.
Договорот е дел од програмата ТАВ за реализиација на инфраструктурни проекти во 32 општини. На Општина Радовиш и се доделени 23.320.000 денари за реализација на проектот.