ОДРЖАНА 38 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
January 31, 2020
Категорија
Вести, СоветСоветниците вчера ја одржаа својата 38 работна седница со дневен ред од 24 точки.
На седницата беа разгледани и усвоени предлог одлуките за изработка на техничка документација за неколку инфраструктурни објекти во градот и населените места, а исто така беа разгледани и усвоени предлог одлуките за избор на спортист и распределба на средства од буџетот на спортски клубови и здруженија за 2020 година.
Со седницата претседаваше Претседателот Коле Чаракчиев, а истата почна со советнички прашања до Градоначалникот Герасим Конзулов.