ОДРЖАНА 54 ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
March 17, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоветСоветот на општина Радовиш вчера ја одржа 54 итна седница.
Итноста на седница беше поради дополнителни сознанија дека е скратен рокот за доставување на Одлука за давање согласност за упис на ученици во прва година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш за учебната 2021/2022 година, како и воведување на некои промени поврзани со примената на дуално образование во паралелките од стручна настава во геолошко рударска и металуршка струка со звање профил техничар.
Оваа точка беше единствена на дневниот ред и беше едногласно усвоена и донесена од страна на присутните советници.