ОДРЖАНА XIII И XIV-ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
June 20, 2018
Категорија
Вести, СоветДенес Советот на општина Радовиш ја одржа својата 13-та и 14-та Итна седница, На почетокот итноста на овие седници ги образложи Претседателот на Советот Коле Чаракчиев.
На 14-та седница се работеше со единствената точка од Дневниот ред – Информација за невремето во општина Радовиш кое се случи во текот на вчерашниот ден 19.06.2018 година, во текот на попладневните часови, додека 13-та седница имаше четири Предлог-одлуки и Предлог-програми кои советот ги разгледуваше.