ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ „ЈУРУЧКИ ФЕСТИВАЛ“
Дата
August 13, 2018
Категорија
Вести, КултураВчера во Радовиш беше одржан 12. по ред Јуручки фестивал.
Овој традиционален фестивал беше со богата програма, покрај фолклорните настапи на ансамблите од Радовиш, с. Бучим и гостите од Република Турција, исто така присутните имаа можност да погледнат Пеливанско борење, Атлетски трки, Турнир во тенис, а заврши со финалето од турнирот во мал фудбал „Радовиш 2018“ .
Голем број на гости и делегации од Македонија, Република Турција и Кипар беа присутни во Радовиш, и имаа можност да погледнат дел од овие програмски содржина.
„Јуручки фестивал“ беше во организација на Здружението на турците од југоисточна Македонија, под покровителство на општина Радовиш а се одржи во комплексот на Ресторан Шампион во Радовиш.