ОПШТИНА РАДОВИШ ЗАПОЧНУВА НОВ ПРОЕКТ ОД СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА
Дата
May 12, 2015
Категорија
ВестиНа денешниот заеднички состанок одржан помеѓу партнерите-учесници во проектот ,,Хуманоста наш предизвик,, беа договорени идните чекори и активности со кои во општина Радовиш отпочнува реализација на проектот ,,Хуманоста наш предизвик,, кој ќе се реализира шест месеци по програмата Општинско-корисна која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.
Програмата, подржана од УНДП, Агенција за вработување на Р.Македонија и Министерството за труд и социјална политика, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера треба да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа.