ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РАДОВИШ
Категорија
Тековни ПроектиПодобрување на комуналната инфраструктура преку реализација на проект од програмата за уредување на градежно земјиште се одвива на територијата на општина Радовиш. Деновиве екипи на Јавното претпријатие „Плаваја“, по налог и целосна инвестиција на општина Радовиш, започнаа градежни активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа на ул.„Св.Спасо Радовишки“.
Градежните активности се изведуваат во должина од 200m, а се поставуваат полиетиленски цевки со профил од Ф200mm. Предвидена е изведна на сливници од двете страни на коловозната конструкција за прифаќање на атмосферските води, како и една ревизиона шахта. По завршување на монтажните работи, делот од прекопите ќе биде асфалтиран. Од страна на изведувачот на градежните работи е доставен динамичен план со завршување на активностите до крајот на месец јуни 2014 година.
Во непосредна близина на Агенцијата за вработување, како последица на поројните дождови се предизвикуваа проблеми за учесниците во сообраќајот. Со реализацијација на проектот ќе се надминат овие проблеми и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој дел од уличната мрежа во Радовиш.